Нова дрога се појави во Македонија. Бел прашок со горчлив вкус на метал се основните карактеристики.
Полицијата дрогата ја пронашла кај 23-годишно лице од Битола против кого е поднесена кривична пријава.
При претресот над битолчанецот Т.М. биле пронајдени 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна помеѓу коланот и пантолоните.
Овие таблети содржат МДМА психоактивна супстанца односно стимуланс на централниот нервен систем што е класифициран на листата на забранети опојни дроги и психотропни супстанци.
-Дополнително, во предниот џеб од пантолоните пронајдена е зипер кесичка со 30 коцки (25C-NBOMe) синтетичка психоактивна супстанца со халуциногено дејство која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги. Истата во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал. Според силата, 25C-NBOMe е послаб од LCD, соопштуваат од полицијата.
До Министерството за здравство ќе биде доставено известување дека на илегалниот пазар се појавила нова супстанца која делува како дрога со цел поведување постапка за внесување на оваа супстанца во листата на контролирани псиготропни супстанции и опојни дроги.