Нова хит песна – огледало на денешната ни младина (Видео)


После големиот хит, Сонувам, штипјаните Асе и Џими ,заедно со вокалистката Кате, сега под името The Crew (Екипата) , со уште еден хит ја освежија јавноста во летниот период.

427665_409567395785340_1080025191_nПесната Слобода, која што излезе од студиото на Роберто Поп Димитров ака Кентаур Продукција , многумина остави замислени. Слободоумниот текст во комбинација со реге ритам, како огледало на денешната младина во современото општество.

Видео записот, кој што од вчера е веќе на ју тјуб, беше сниман во текот на летото на повеќе локации, во Дојран, Скопје и во Штип, а го изработи Лотус Филм од Битола во соработка со Фридом Продукција . Одлична приказна на едни млади талентирани уметници чијашто единствено оружје во борбата за љубовта и слободата им е музиката. Погледнете го видеото и уживајте!

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1