Нова итна седница на ОН за ситуацијата во Сирија на барање на Русија


Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија.

Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антониот Гутререш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација во Сирија.

Состанокот, што е закажан за 16 часот по средноевропско врема, ќе биде отворен за јавност.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја вчера апелираше до САД и нивните сојузници да се воздржат од воени акции против Сирија поради наводниот напад со хемиско оружје, истакнувајќи оти „итен приоритет е да се спречи опасноста од војна“.

Тој одговарајќи на прашање дали мисли на војна помеѓу САД и Русија, наведе дека „за жал, Русија не може да да исклучи ниту една можност“.

– Ги видовме пораките кои доаѓаат од Вашингтон. Многу се воинствени, потенцира Небензја.

Тој додаде дека САД знаат дека руски сили се распоредени во Сирија.

– Опасноста од ескалација е многу поголема кога станува збор за самата Сирија, бидејќи нашата војска е таму… Затоа ситуацијата е многу опасна, истакна рускиот амбасадор во ОН

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1