Нова кривична за закани кон пратениците: Битолчанец од мобилниот објавувал на Фејсбук


Нова кривична пријава е поднесена за загрозување на сигурноста на пратениците во Собранието и за ширење на ксенофобичен материјал.

Овојпат, пријавен е 30-годишен битолчанец за објави на Фејсбук.

По консултации со Основното јавно обвинителство Битола, 30-годишниот А.С. бил повикан на службен разговор во полициска станица, каде појаснил дека објавите ги направил преку својот мобилен телефон.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk“, апелираат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1