Нова лидерска средба во понеделник


Лидерската средба ќе се одржи во понеделник со почеток во 9 часот, потврдија владини извори за НОВА.

Премиерот Зоран Заев упатил покани до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Беса за лидерска средба.
На дневен ред е составот на ДИК, референдумското прашање, датумот на референдумот, но и условите на ВМРО-ДПМНЕ закон за финансирање на партии, измени во законот за Влада и измени во Кривичниот законик се очекува да се најдат на маса меѓу политичката четворка.

По последната лидерска средба не беше постигнат договор околу клучните прашања кои треба да го одблокираат процесот на формирање на ДИК и потоа за одржување на референдум за Договорот со Грција и за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1