Фротирки и путер меѓу грантираните од Фондот за иновации


„Нова ера во индустријата за фротир производи“ гласи името на проектот кој бил одобрен од Фондот за иновации и технолошки развој на последниот повик, кој предизвика бура од реакции во јавноста поради порзаноста на дел од грантираните компании со актуелни функционери, пишува Макфакс 

Компанијата „Фротирка Компани АД“ од Делчево добила 19.839.264 денари за проектот, преку инструмент за поддршка на иновативноста.

На повикот во делот за иновативност биле одобрени и проекти за поддршка за обработка на путер од органски лешник, за компанијата „Нелкоски Органик Фуд Дооел“ која добила 6.617.212 денари за проектот од областа на земјоделието.

Интересно е тоа што ваквите проекти се поддржани преку инструментот за поддршка „иновативност“, а не преку инструментот „технолошки развој“. На листата се нашол и проект за биохигиенски алое хулахопки, за кои фирмата „Фор Лејди Дооел“ добила 10.729.718 денари за поддршка.

Повикот за поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој ја бранува јавноста, откако медиумите објавија дека фирма на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец добила грант од 10 милиони денари преку печатницата ,,Гинис” од Прилеп чиј косопственик е пратеникот од СДСМ. На повикот бил одобрен проект и за Фирма во која малцински сопственик е вицепремиерот Кочо Анѓушев и таа ќе земе 160.000 евра од државата како поддршка. За грантовите од истиот Фонд за иновации, реакции во јавноста имаше и за грантот од 10 милиони денари кој го доби весникот „Слободен печат“.

Повеќе на – Макфакс.ком

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1