Нова теорија на заговор: 100 експерти кој го имале лекот за сида загинале во малезискиот авион


Дури 100 водечки светски научници за ХИВ/СИДА биле на летот MH17, во авионот на “Malaysian Airlines”, кој вчера бил соборен во источна Украина.

Malezija-avion-avionska-nesreca-sida-HIVДоколку се воспостави дека овие наводи се точни, тоа би било “разочарувачки” удар за напорите кои се направени во борбата против вирусот. Организаторите на конференцијата “СИДА 2014”, изјавиле дека преку размена на мејлови се гледа дека 100 лица го резервирале кобниот лет MH17.

Сите експерти се согласуваат дека ова ќе биде последица на глобално ниво, бидејќи смртта на 100 врвни научници претставува голема загуба, пренесува Telegraph.

“Лекот за СИДА можеби бил во тој авион. Не можете, а да не се запрашате за сите можности”, рекол Тревор Стратон.

patilog sida avionГолем број на врвни научници, вклучувајќи го и поранешниот претседател на Меѓународното “AIDS” Друштво, кој бил лидер на истражувањето на овој вирус од 1983-тата година, се меѓу загинатите.

Организаторите изјавиле дека сепак конференцијата ќе се одржи и се очекува пристигнување на околу 14.000 луѓе од целиот свет. Говор на собирот ќе одржат поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон и активистот Боб Гелдоф.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1