Силен удар, шкрипење на автомобилски гуми, повици за помош. Стравична била сликата во скопско Рашче каде во сообраќајна несреќа двегодишно девојче го загуби животот, велат очевидците за Сител
Сликата сеуште сведочи за трагедијата која се случи неколку минути претпладне на мостот пред селото. Од силниот удар со комбето возилото излетало неколку метри од патот, а штетата говори за силината на ударот.
Полицијата вели дека во сообраќајната несреќа повредено е и четиригодишно дете кое веднаш е пренесено на ургентниот центар. Смртта пак на двегодишното дете била констатирана во поликлиниката во Ѓорче Петров.
Локалните жители кои постојано се во нивите покрај патот, не сакаа да зборуваат пред камера но во неофицијален разговор велат дека овој дел од патот е многу ризичен поради можноста за развивање на голема брзина но и тесниот пат кои многу често се причина за сообраќајни несреќи.
Сообраќајот кон Рашче во моментот се движи отежнато бидејќи полицијата го контролира теренот но и поставеноста на возилата го блокира нормалнотот движење. Причините за сообраќајната несреќа во која едно девојче загина а неколку лица се повредени, од МВР велат дека допрва ќе се утврдуваат.