Новак Ѓоковиќ и Јелена Ристиќ ќе станат родители. Како што дознава српскиот портал Прес, вереницата на најдобриот српски тенисер е во петтиот месец во бременоста и во март би требало на свет да го донесе нивниот син.
Се шиушкаше претходно дека причина за нивната изненадна веридба во септември е гокму блажената состојба на Јелена, но за тоа никогаш не стигна официјална потврда. Српските медиуми пренесоа дека бебето е зачнато во јуни, во периодот кога Новак имал пауза меѓу Ролан Гарос и Вимблдон.
Познато е дека семејството Ѓоковиќ имаат стан во Лондон, каде и одмарале тој период. Најдобриот српски тенисер и Јелена се во врска осум години, а целиот свет зборуваше за нивната веридба која во септември се случи во Монте Карло. Новак и подари прстен на кров на еден хотел во Прованса, а после тоа целиот свет го известија дека се среќни.
„Од сега Јелена пред сите ќе ја претставувам како моја вереница и идна жена. Почнува навикнувањето… Слатки маки… Пресреќни сме“, напиша тогаш Ноле на Твитер.
Свадбата треба да се одржи на Свети Стефан, по замисла на Новак и Јелена. Сега прашањето е во кој период Новак и Јелена ќе се законат на вечна љубов.