Новак и Јелена смислија име за синот


Брачниот пар Новак и Јелена Ѓоковиќ за помалку од два месеца за прв пат ќе станат родители. Бебето би требало да се роди во Монте Карло, каде парот живее веќе неколку години.

nole-i-jelenaЈелена веќе некое време не излегува надвор. Повремено во посета ќе и дојдат другарките и сестрата Марија, со која е многу поврзана.

-Новак нема да биде во можност да присуствува на породувањето, бидејќи тие дена има серија турнири во Азија. Веројатно кога синот ќе се роди, ќе прескокне некој турнир и барем една недела ќе биде со семејството. Новак и Јелена имаат неколку фаворити за име. Можно е наследникот да се вика Марко, по родениот брат на Ноле. Парот сака на детето да му даде некое интернационално име, а изборот падна на Марко, вели извор близок до семејството Ѓоковиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1