Нови 14 случаи на заразени со морбили, од нив шест деца и седум возрасни


Министерството за здравство соопшти дека вчера се прегледани 14 пациенти со симптоми на морбили од кои хоспитализирана била само една пациентка од Гостивар, додека останатите 13 пациенти биле пуштени на домашно лекување поради полесната клиничка слика на морбили.

– Од нив, шест се деца на возраст од една до две години и се невакцинирани, а останатите седум се на возраст од 21 до 38 години. Во моментот, на Инфективна клиника се хоспитализирани 22 пациенти со морбили и сите се во стабилна здравствена состојба.

Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните да се вакцинираат со МРП вакцина, особено децата кои немаат примено ниту една доза од вакцината.

Досега се вакцинирани повеќе од 5.600 лица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1