14 новорегистрирани пациенти со жолтица има во Скопје во текот на продолжениот викенд. Тројца од нив, вирусот хепатитис А го добиле по контакт со заболен, додека другите се епидемиолошки неповрзани. Меѓу заболените најмногу има ученици.
„Овие деца кои се на училишна возраст, веќе се претходно заразени. Во училиштата засега нема ширење на епидемијата“, вели д-р Билјана Даниловска, од Центарот за јавно здравје. Утре повторна ќе има дезинфекција во некои училишта.
Најмногу новорегистрирани со жолтица има во Шуто Оризари, таму од Ценарот за јавно здравје вршат дезинфекција во куќите каде што има по двајца или тројца заболени. Надлежните велат дека состојбата полека се смирува и бројот на заболените опаѓа.
Од почетокот на епидемијата досега во Скопје со хепатитис А се регистрирани 121 пациент.