Единаесет лица повредени во Скопје


Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајќи од кои шест со последица материјална штета, осум со телесна повреда и две со тешки телесни повреди

Со полесни повреди се здобиле петмина возачи, еден сопатник и тројца велосипедисти.

goce delcev soobrakjajkaОд тешките сообраќајни несреќи едната се случила во десет часот на улицата „Скупи“ меѓу „опел астра“ и мотоцикл при што со тешки повреди се здобил мотоциклистот.

Втората незгода се случила во 16 часот на улицата „Лука Ѓеров“ во која бил повреден пешак од „опел“.
Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европски извештај.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се и десет возачи кои возеле под дејство на алкохол, шест возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 18 возачи кои возеле со неважечка или без возачка дозвола и четворица пешаци кои поминале надвор од обележан пешачки премин. На истите покрај поканата за глоба, дадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 60 возила.

За денеска, според полицијата, не се најавени вонредни настани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1