Црна ружа, Сатански војводи: Опасни секти заведуваат деца во Македонија


Црна ружа, Црни шкорпиони, Сатански војводи, Сатански витези се само неколку имиња од 20-те најмасовни секти во светот, а во регионов се присутни најмалку 15. Преку Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи, како и со бесплатни курсеви за странски јазици, патувања во странство и акции кои, наводно, се со хуманитарна цел се врбуваат младинци од 12 до 20 години.

Ова неодамна го потврдија српските медиуми, кои објавија дека таму делуваат најмалку 150 различни секти, чија примарна цел им се децата, што е податок кој не засега и нас.

33172_sekta1_fЗа жал, во Македонија нема регистар на вакви организации и здруженија, но јавна тајна е дека тие се тука околу нас, вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.

-Сите сме сведоци дека постојат групи кои под превезот на религијата ги заведуваат луѓето и потоа ги злоупотребуваат на разни начини. Тие имаат и своја целна група. Најчесто се тоа од социјални семејства и ранливата категорија граѓани кои ги придобиваат најпрвин со материјални добра, но за возврат, освен послушност и учество во ритуалите, бараат јака мисионерска активност и нови членови. Се разбира, сите знаеме дека кај нив лесно се влегува, но многу тешко се излегува, појаснува Божиновска.Sekta-630x338

 Момче чија сестра во еден момент почнала да се однесува чудно го нашол нејзиниот дневник и дознал дека новите пријатели ја поканиле на Црна миса. На родителите им објаснил дека нивната ќерка е следбеник на една од најопасните секти, Црна ружа. Додека тимот ја следел девојката, нејзините родители се договориле со роднини од Црна Гора извесно време да се пресели кај нив. Бидејки девојката станала дел од сектата по убедување на нејзиното момче, детективот собрал доволно информации за него и испратил девојка од тимот да го заведе. Покрај останатото, наместиле и состанок меѓу детективката и момчето, но сето тоа пред очи на девојката, која бесна од глетката, побегнала дома, а тоа било доволна причина за да успеат да ја испратат во Црна Гора. Девојката заминала, а детективскиот тим во нејзино име испраќал пораки до момчето во кои пишувале дека повеќе не сака да го види. По три месеци девојката успеала да го заборави и да се откаже од сектата во која била дел.Но, првиот месец по отселувањето родителите пред нивната куќа секој ден наоѓале мртви животни и свеќи.

Целата приказна прочитајте ја во Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1