Нови 40 висококатници ќе се градат во Аеродром


Нови 40 висококатници ќе се градат во општина Аеродром откога советниците на ВМРО-ДПМНЕ како мнозинство на последната седница ги изгласале нацрт-одлуките на новите измени на детално урбанистичките планови во општината кои биле на предлог на градоначалникот Ивица Коневски.oblakodericevahiraer0610

Според нацрт-одлуките се предвидува изградба на 11 висококатници со девет спратови на потегот од нова железничка станица и од зградата Неоком, па се до објектот Тинекс, а според втората нацрт-одлука се предвидува изградба на триесетина висококатници од осум до девет ката. Тие ќе бидат распоредени покрај реката Вардар, на потегот од Ново Лисиче до Долно Лисиче.

Локацијата на која урбанистите предлагаат нови градби се наоѓа во Горно Лисиче покрај Вардар, место кое во моментов најчесто се користи за отпад и претставува лоша слика за oпштината, целосно ќе се урбанизира и просторот ќе се облагороди. На тој начин ќе се подигне квалитетот на живеење во овој дел од oпштината.

Новите згради нема да бидат повисоки од шест ката и тоа најголемиот дел од нив ќе имаат три ката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1