Нови 5 амнестирани за 27 април, бројката се искачи на 25, а може и да се зголеми


Уште пет лица добија амнестија за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, соопшти Кривичниот суд.

Станува збор за петмина кои беа осудени за учество во толпа, кои првично добија условна казна, а потоа пресудата беше преиначена со затворска.Со денешните пет решенија, Кривичниот суд се произнесе за сите 66 барања кои стигнаа во двата оддели, 37 во Одделот за кривично полнолетни и 29 во Одделот за организиран криминал. Прифатени се вкупно 25 амнестии, а одбиени 41.

Сепак, вкупната бројка на амнестирани, може да расте бидејќи оние кои не добија амнестија имаа можност да се жалат до Апелацискиот суд во Скопје. Оттаму, сѐ уште не соопштуваат бројка колку жалби добиле, но имаат рок од 3 дена да одлучат.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1