Владата со измени во законот за данок на добивка, со 10 проценти ќе ги оданочува позајмиците меѓу домашните компании, а данок од 10 отсто се предвидува и за исплатените дивиденди. Да се оданочува заем ако тој не се врати во текот на тековната година не е реформа, ниту значи поголема фискална дисциплина, туку е казна за домашните компании, рече опозицијата, со единствена цел, полнење на дупката во буџетот. Новите даноци нема да важат за компаниите од технолошките зони кои се ослободени од давачки кон државата.
Според Миле Андонов, СДСМ тоа не се црни пари зашто на нив веќе е платен данок. Тој рече дека власта сака пет пати да оданочува и дека тоа не е фискална дисциплина, туку арач.
Даноците за невратен заем и за исплатена дивиденда нема да им донесат штета на фирмите туку ке ја зголемат финансиската дисциплина и ке стават крај на досегашната пракса, позајмиците да не се вракаат со години, уверува владата.
Заменик министерот за финансии Ардиан Џеладини рече дека измените се прават за да нема манипулации, за да се зголеми свеста кај фирмите кои досега имаа неутврден рок за вракање на долговите. Доколку има пари за позајмување, ке плати данок, а кога заемот ќе му се врати, ке му се врати и данокот .
Законот ке важи откако ке се објави во Службен весник.