Паднала од крузер во океан – камерите снимиле се (Видео)


Сара Кирби (31) по лошо ќе го помни својот одмор со вереникот на крузер на Карибите. Сара испила неколку чашки повеќе кога во еден момент се наведнала на балкон, изгубила рамнотежа и паднала од седми кат во океан, пишува news.com.au.

padnala od brod– Вистински хорор. Се сеќавам дека се наведнав преку балконот за да ја видам страната на бродот и во наредниот момент бев во вода. Се молев на Бога да не умрам, се сеќава Сара.

За време на падот од 30 метри височина удрила во чамец за спасување, а се` снимила и надзорната камера. Сара поднела тужба против компанијата Карнивал Крузес бидејќи, како што тврди, екипажот не сакал да ја спаси се додека не го пребарале цел брод. Тоа, според нејзините зборови траело час и половина, без оглед на тоа што сведоците рекле дека виделе како жена паѓа во морето.

Во тужбата стои дека жената паднала во море без елек за спасување и дека по неколку минути крузерот забрзал и ја оставил среде океан.

Сара потоа почнала да плива се додека не се исцрпила. Дури 16 часа чекала да и` пружат лекарска помош. Нејзините повреди вклучувале неколку скршени коски, срцева аритмија, хипотермија… Поради тоа во болница поминала три недели.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1