Бездомникот Колин Даниел Ричардс (22) беше обвинет за убиство од прв степен за убиството на голферката од Државниот универзитет во Ајова, Силија Баркин Арозамена.
Ричардс се појави во суд во вторникот изутрината, каде што судијата одреди кауција од 5 милиони долари.
Телото на 22-годишната девојка беше пронајдено во понеделникот во едно езерце во близина на теренот за голф „Колдвотер голф линкс“. Според судските документи, таа била избодена неколкупати во горниот дел од телото, главата и во вратот