НОВИ ДЕТАЛИ: Убиецот од Злетово сакал да го убие љубовникот на сопругата, настрадал чичко му


Љубовникот на сопругата на тројниот убиец од Злетово во последен момент спасил жива глава. Меѓу соседите во Злетово се коментира дека професионалниот војник Драганчо имал намера да го убие токму него.

Целата сцена се случувала пред блиската продавничка. Според неофицијални информации,  чичкото на љубовникот на неговата сопруга е само случајна жртва во страшниот чин. Имено, љубовникот успеал да побегне кога го видел Драганчо со автоматската пушка. Тоа не му успеало на неговиот чичко кој настрадал од рафалот.

50000FDC706A00CDBA4E907C00B

Покрај чичкото на љубовникот, Драганчо ги убил и родителите на својата сопруга. Од кои причини се решил на овој чин, нема информации. Неговите соседи велат дека тој во својата војничка биографија имал и служба во Авганистан. Зошто и како се нарушиле односите со неговата сопруга со која според неофицијални инфомрации имал започнато бракоразводна парница не се знае.

Професионалниот војник во АРМ, Драган Манаилов (40), им пресуди на соселанецот Методиј Димитров (51), на родителите на неговата поранешна сопруга, Илија (65) и Јана (63) Михаилови, а на крајот се обеси. Неговиот крвав поход можеше да биде и потрагичен. Во последен момент братот на поранешната сопруга ја спаси од смрт својата сестра, а веројатно и сопствениот живот, пишува Утрински весник.

Злосторствата во рударско село, кое брои 3.000 жители, започнале околу 6 часот изутрината. Манаилов, кој ноќта кон вторникот ја минал на стража во кумановската касарна, ги прекинал работните обврски и дошол да расчистува сметки во родното село.

„Побегнал од стража и искористил шанса да го земе со себе службеното оружје: полуавтоматска пушка. Седнал во својот автомобил ’опел астра’ и дошол овде“, зборуваат селаните.

Животот си го одзел бесејќи се на дрво. Од полицијата потврдуваат дека пронајдениот маж обесен во бачило во близина на Злетово е 40-годишниот Драган М. кој  утринава уби три лица.

Негови блиски роднини го идентификувале телото на Драган. Тој утринава со службено автоматско оружје ги лиши од живот 51-годишниот Методи Д., Јана М. (63) и нејзиниот сопруг Илија М. (65).

Јана и Илија се родителите на неговата сопруга, а истите беа убиени во нивната семејна куќа.

По тројното убиство Драган, кој инаку бил професионален војник од 2000-та година, си го одзел животот со бесење.

Фото – Утрински

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1