Нови детали за мистериозната случка во `69 – Зошто се игнорира руската приказна за вонземјаните (Видео)


Станува збор за приказна за НЛО кој наводно се урнал во 1969-тата години, а го открила руската војска, при што била направена обдукција на еден од вонземјаните.

vanzemaljci-obdukcijaВо последно време на интернет почнала да кружи приказната во која се тврди дека Русите веќе со децении се запознаени со вонземјанските цивилизации. И иако приказната за руското НЛО не е нова, повторно се нашла во медиумите, првенствено поради тоа што американскиот Huffington Post објавил текст во кој се прашува зошто американските медиуми во целост ја игнорираат.

Повод за објавувањето на статијата бил еден текст од порталот “Voice of Russia” во кој се тврди дека Русите првата средба со вонземјаните ја имале во 1942. година.

Дел од нивната приказна вклучува и НЛО кој наводно се урнал во 1969. година, а кој го открила руската војска, при што била направена обдукција на еден од вонземјаните. Тоа сценарио веројатно ви звучи многу познато, а причина за тоа е фактот што приказната е слична на онаа од Розвел. Американските медиуми прв пат ја пренеле оваа приказна во емисија на TNT во 1998. година, со наслов “Тајната на КГБ и документите за НЛО”, во која биле прикажани неколку сцени од местото на настанот, вклучувајќи и неколку минути од споменатата обдукција на вонземјанинот.

Голем број уфолози тогаш приказната ја прогласиле за обична измислица.

Поранешниот советник за вселенски прашања на NBC, Џејмс Оберг, изјавил дека е доволно што документарецот започнува со напомена: “Ова што го гледате може да е вистина или лага”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1