Во тешката сообраќајка кај Демир Капија во близина на хотел „Парк“,утрово загина 55 годишниот белграѓанец Љубиша В., а повредени се неговата сопруга и трите деца.
Децата на возраст од 10, 8 и 1 година се добро, а сопругата која управувала со автомобилот „Даеву“ е во свесна состојба и комуницира со докторите во велешката болница. Според неофицијални податоци, сопругата е таа што управувала со возилото и веројатно во текот на возењето заспала.
Како што неофицијално дознава српски „Курир“, жената е вработена во РТС, а во моментот била на породилно отсуство. Семејството возело кон Грција на одмор.