Нови директори на ЈСП, Водовод и Улици и патишта


Поставени се нови директори во три јавни претпријатија кои се под надлежност на Град Скопје, потврдуваат од таму. На местото на Игор Јанушев во Јавното сообраќајно претпријатие е поставен Кристијан Чушков, а на местото на Александар Атанасов во ЈП Водовод и канализација е назначен Душко Весковски.

Промена има и во ЈП Улици и патишта, па сега нов директор е Сенад Смаиловиќ.

Весковски е претседател на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, а по локалните избори стана претседател на Советот на општина Карпош, а Чушков беше дел од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1