Нови докази дека папата Бенедикт XVI e геј?!


Познатиот католички блогер и хомосексуалец, Андреј Суливан во својата статија за The Dish повторно ги поттикна гласините дека папата Бенедикт XVI е геј.

221491_papa-benedikt-xvi-ap_fВсушност, според него, Ратзингер ќе остане во Ватикан наместо да се пензионира на тајна локација. Исто така, блогерот објави дека папата ќе живее со надбискупот Џорџ Гансвејн, со кого е во многу блиски односи.

За Гансвејн во јавноста не се знае премногу, но во италијанските медиуми е познат под прекарот “Згодниот Џорџ”, а неодамна тој и се појавил и на насловната страница на италијанското издание на Vanity Fair со наслов “Попот Џорџ-не е грев да си убав!”

Сепак, и покрај тоа што ќе живее со поранешниот папа, Џорџ ќе мора да ги исполни должностите кон новиот папа. Ова, тврди Суливан, не е претерано вообичаено. Дури тој пронашил и цитати каде Генсвејн тврди дека понекогаш знае да биде нервозен во близина на Светиот Татко. И покрај тоа што со години му е десна рака, сепак постојат ситуации кога срцето забрзано му чука.
Токму оваа двосмисленост на зборовите на Џорџ се и главен доказ за Суливан за тоа дека меѓу папата и Џорџ постои хемија. Фактот дека преку ден работи со папата, а живее со Ратзингер го претвора Ватикан во Мелрос Плејс.
Но, Суливан не е единствениот кој е убеден во оваа теорија. Потсетуваме, дневниот италијански дневник “Ла Република: неодамна ги објави причините за оставката на папата меѓу кои го спомнува и влијанието на различните интересни групи во Ватикан, вклучувајќи ги и геј лоби.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1