Нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонски пошти


На денешната владина седница беше разгледан и усвоен и Извештајот на меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба со Република Грција, според кој нови називи добија МИА, ЕЛЕМ и Македонска пошта.

Како што соопштуваат од владината прес-служба новиот назив на АД Македонска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), отсега ќе биде АД Медиумска информативна агенција – Скопје во државна сопственост (МИА), новиот назив на АД Електрани на Македонија – ЕЛЕМ ќе гласи АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) и новиот назив на АД за поштенски сообраќај „Македонска пошта“ во државна сопственост – Скопје, ќе гласи АД за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост Скопје.

Во таа насока, е усвоена и предлог одлука за изменување и дополнување на Статутот на Акционерското друштво за производство на електрична енергија со која се преименува во Електрани на Република Северна Македонија, АД ЕСМ Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1