Нови петмина заболени од грип од типот А (Х1Н1)


Тројца нови пациенти со вирус на грип од типот А (Х1Н1) се хоспитализирани за време на викендот на Клиниката за инфективни болести. Пациентите се во добра општа состојба. Позитивни се два случаи со А (Х1Н1), од доставени мостри од болницата во Куманово, од кои едниот пациент се лекувал амбулантски, а вториот бил задржан на болничко лекување и во моментов е во добра општа состојба, соопшти Министерството за здравство.

virus labaratorijaВо лабораторијата на Институтот за јавно здравје досега вкупно се анализирани 38 примероци, од кои 13 лица се позитивни на вирусот на грип од тип А (Х1Н1), тројца се со тип на вирус А (Х3Н2), а двајца се нетипизирани (почнале со терапија).

На Инфективната клиника во моментов има 11 хоспитализирани пациенти со грип, од кои двајца се на Одделението за интензивно лекување, при што еден пациент на возраст од 38 години е во посериозна здравствена состојба. Останатите хоспитализирани се од сите возрасни групи, најголем дел од нив се со претходни хронични заболувања.
На Детската клиника во мометов е хоспитализирано едно дете, кое е во добра општа здравствена состојба.

Согласно заклучокот од Комисијата за следење на сезонски грип, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), со решенија ги задолжи училиштата и градинките за да ги преземат потребните превентивни санитарно-хигиенски мерки (како што беше случај и во претходните години).

infektivna1Станува збор за санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки според кои, треба да се врши континуирана засилена хигиенизација во објектите (особено во деловите каде престојуваат учениците/децата), задолжително проветрување на просториите каде престојуваат учениците/децата, за време на одморите (повеќе пати во текот на денот), обезбедување доволни количини средства за дезинфекција и да се врши зачестена дезинфекција на опремата и просториите во објектите, воспоставување евиденција за отсутни ученици/деца, а зголемениот број отсутни задолжително да се пријавува во подрачните единици на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, да се врши редовно здравствено информирање на учениците во врска со начинот на пренесување и заштитата од грип и да не се примаат ученици/деца со симптоми на инфекција на респираторни патишта.
ДСЗИ во континуитет ќе ја следи состојбата со грип во училиштата и градинките, во однос на почитувањето на превентивните санитарно-хигиенски мерки.

Mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1