Три деца и еден вработен се новите случаи со Ковид-19 во скопски градинки. Брат и сестра кои биле згрижени во воспитно образовната установа “Срничка” во Аеродром викендот имале позитивен тест на Корона вирусот.
Останатите деца и вработените кои биле во контакт со нив се во изолација. Третото заболено дете посетувало градинка во Ѓорче Петров, информираат од министерството за труд и социјала. Инфициран со вирусот е и вработен во детска установа во Гази Баба. Иако за 3 недели има 20-тина случаи на заразени деца и воспитувачки, министерката Јагода Шахпаска вели дека засега состојбата била под контрола. Добро биле и заболените деца кои се на домашно лекување.
-И од сиот персонал кој имал некаков контакт, само еден воспитувач е хоспитализиран, имал и претходни хронични заболувања. Будно ја следиме состојбата сеуште е под контрола и ќе видиме понатаму како ќе се одвива, изјави Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.