Дваесет лица се загинати, од кои за 13 е завршена идентификацијата и се предадени на семејствата, беше соопштено по денешниот состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи.
Според последните податоци на министерството за внатрешни работи шест лица се водат за исчезнати, а 22 лица се повредени и им е укажана медицинска помош. но, неофицијално бројката на загинати се искачува над 30 лица.
Дознаваме дека лицата што го загубија животот поради невремето се на различна возраст и сите се од реонот на Сингелиќ, селата Арачиново, Стајковци, Смилковци и други села на територија на општина Гази Баба.