Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, а дизелот поскапува за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ја донесе последната одлука за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Еуросупер БС95 поевтинува за 1,5 денари и од полноќ ќе се точи за 70,5 денари по литар. За 1,5 денари поевтинува и Еуросупер БС98 кој од утре ќе можете да го купите за 72,5 денари по литар.
Дизелот поскапува за половина денар и од полноќ неговата цена ќе биде 58 денари за литар.