Нови цени на автобуските билети во ЈСП – може да се плати со картичка и мобилен


Наместо од 1 јануари 2016, како најавеното, електронските билети за возење во државните и приватните автобуси ќе бидат задолжителни од мај 2016. Меѓутоа, електронските билети ќе започнат да се користат од Нова година.

Меѓу другото, цената на еден билет ќе чини 35 денари, како досега, но доколку е купен кај возачот изнесува 60 денари. Можноста за купување на билет со цена од 30 денари на автобуска станица нема да постои повеќе. Овие цени ќе бидат универзални, за државните и приватните автобуси.jsp avtobus vnatre

Патниците ќе имаат можност за купување повеќе различни билети: за едно возење, за повеќе возења во 90 минути, за десет возења, ноќен билет, дневен билет, месечен билет, сезонски билет, билет за комбиниран превоз со автобус и жичарница (и лифт), седумдневен билет.

Патниците ќе може да ги купуваат билетите и со мобилен телефон. Билетот за едно возење платен со телефон ќе чини 40 денари, а патникот мора да изврши валидација со електронската картичка.

Месечниот билет за студенти и пензионери ќе чини 1.050 денари, како и досега, додека децата без родители или родителска грижа со над 18-годишна возраст заедно со корисниците на правото на социјална помош ќе плаќаат 700 денари за месечен билет.

Пензионерите имаат опција за годишен билет за неограничен број патувања кој ќе чини 3.600 денари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1