Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од петок ќе настапи позначително дестабилизирање на времето, па во наредните денови на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок и в сабота.
Променливо и нестабилно ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.