Новинар бил 10 дена во камп на ИСИС: со нуклеарки планираат да го збришат Западот


Терористите на Исламска држава планираат да извршат нуклеарен холокауст со кој ќе го збришат Западот од планетата и во кој ќе загинат стотици милиони луѓе, пишува Дејли мејл, повикувајќи се на германскиот репортер Јирген Тоденхефер, кој минал десет дена со џихадистите на ИСИС.

Тој тврди дека милитантите планираат да лансираат „нуклеарно цунами“ против Западот и сите оние што се противат на нивната идеја за создавање калифат. jurgen todenhofer

Тој тврди дека со месеци претходно преку Скајп контактирал со терористичката група пред да му дозволат да ги посети. Најголемиот дел бил во Мосул

„Нормално дека ги видов ужасните брутални видеа во кои припадниците на ИСИС отсекуваат глави, а тоа во последните месеци ми предизвикуваше загриженост дали можам да бидам сигурен дека ќе ја избегнам таа судбина. Како и да е, го напишав тестаментот пред да заминам“, раскажува репортерот.isis teroristi

Тој раскажува дека луѓето таму спијат во бараки и разурнати куќи. Тој самиот спиел на под. Видел како џихадистите на ИСИС користат брутални видеоснимки за да го преплашат цивилното население, кое потоа полесно го потчинуваат на својата власт. Тие се најбруталниот и најопасен непријател што некогаш сум го видел, вели Тоденхефер.

„Не гледам дека некој може да ги сопре. Освен Арапите. Дома се вратив прилично песимистичено“ вели.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1