„Многу Американци се фрустрирани од ова: САД е земја со најголемата војска на светот, ја поддржува речиси секоја друга земја кога станува збор за борбата со т.н. Исламска држава, но, простете ми на речникот, зошто ние не можеме да ги средиме тие гадови?“, прашал новинарот, пишува Huffington Post.
Обама рекол само дека „ги поминал последните три прашања одговарајќи на тоа“. Американскиот претседател ја исклучи можноста за промена на стратегијата во борбата против Исламската држава и покрај смртоносните напади во Париз, порачувајќи дека испраќање на копнени сили во борбата би претставувало грешка.
Обама, зборувајќи на прес-конференцијата за новинари на крајот од самитот на Г-20 во Турција, рекол дека коалицијата предводена од САД која се бори против ИСИС во Ирак и Сирија ќе ги удвои своите напори за да ја спроведе сегашната стратегија, наместо да тргне по нова насока.