Новинарите кои известуваа за настаните од 27 април во Собранието, ќе поднесат тужба против државата


Петнаесет новинари кои известуваа од Собранието на 27 април 2017 година покренаа иницијатива за тужба против државата за надомест на штета.

Новинарот Боби Христов, кој е еден од иницијаторите, информираше дека во моментов се во комуникација со правници и дека е можно тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка да се утврди одговорноста на поединци во која со преземање или не преземање на одредени дејства придонеле до настанатата ситуација.

-Зад инцијативата сме петнаесеттина, но таа е отворена за сите колеги, фотографи, сниматели.. а некаде после празниците сите кои сакаат да учествуваат во иницијативата можат да се приклучат и да ја продолжиме постапката, појасни Христов.

Новинарот Горан Трпеноски информираше дека во инцијативата сакале да се приклучат и вработени во Собранието, но нагласи дека во неа можат да се вклучат и оние новинари-извествувачи од настаните кои биле надвор од Собранието.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1