Иванов: Народот има право да избира како ќе се вика и кој јазик ќе зборува – Ги повика пратениците да не гласаат за преспанскиот договор


Од таканаречена заробена држава чувствувам дека станавме и уценета држава. Од надвор не уценуваат соседите, внатре се уценети многу носители на одлуки. Без правда нема вистинско помирување, донесената амнестија е преседан, порача претседателот Ѓорге Иванов.

-Не може да ја сакате Македонија а да не го сакате и македонскиот народ, зошто ние да бидеме единствен држава без државотворен народ, се деконструира историјата, со тиранската плаформа се прави обид за демонитрање на македонската држава, рече Иванов.

-Јас ставив вето на законот за јазиците и договорот од Преспа, со тоа ги активирав гаранциите, од тн. од надвор не уценуваат соседите, а од внатре.

РМ е наш заеднички дом, за нас таа е бесцената и треба да не надживее, порача претседателот, и потсети на пораката на Глигоров дека името и идентитетот се постари од секој Устав, влада, партија и никој нема право да тргува со нив.

-Името и идентитетот е постаро од секој устав секоја влада и партија и државата и никој нема право да тргува со тоа име, се надевам дека мнозинството ќе смогне сила ќе го послуша народот и ќе ја отфрли преспанската спогодба. Јас како претседател останувам да ја бранам волјата на народот и од тоа не мислам да отстапам.

Решетките за ЕУ нема да ги тргне преспанската спогодба, туку реформите. Ни требаат суштински промени рече претседателот во последното годишно обраќање во собранието, критикувајќи ја владата за нереализираните и очекуваните промени.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1