Едно лице почина во пожарот кај „Рамстор мол“


Едно лице почина во пожарот што денеска избувна во деловен објект на улицата „Јордан Мијалков“ во близина на Рамстор Мол.

Командирот на Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, изјави дека пожарот е изгаснат и интервенирале со осум возила и 22 пожарникари.

Во моментот се чека на местото на настанoт да дојде увидна екипа, а според привичните информации починатото лице било во продавницата за мопеди каде што избувна пожарот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1