Членови на редакцијата на дневниот весник Вест денеска излегоа на мал протест пред зградата каде што им се канцелариите во знак на незадоволство од најавеното скратување на буџетот и намалување на бројот на вработените.
Издавачот на трите дневни весници, Дневник, Утрински весник и Вест, компанијата Медиа принт Македонија најави намалување на платите за 20 отсто и намалување на бројот на новинарите. Денеска само новинарите на Вест излегоа на мал протест облечени во маици на кои пишува „Македонија вработува, се бориме за секое работно место“.
Новинарите велат дека веќе биле потпишани решенија за бркање на дел од нивните колеги, но дека се чуваат во тајност.