Новинарка на Канал 5 се поли во живо со кофа вода (Видео)


Новинарката Мирјана Мирчевска го прифати ледениот предизвик и тоа во живо во вестите на Канал 5. Мирчевска беше предизвикана од својот колега Горан Ѓуровски од емисијата „Зевзекманија“.

Screenshot_38Новинарката рече дека го прифаќа предизвикот за да се зголеми свеста кај јавноста за заболените од AЛС, болест од која се грчат мускулите, а заболените тешко говорат и се движат. Суштината на полевањето со вода е да се почувствува грчот во мускулите, што го доживуваат заболените но пред се, да се соберат пари. Досега се собрани 40 милиони долари.

Еве го видеото, во кое најпрво е разговорот за болеста АЛС, со доктор Тања Делева Тошевска, невролог од „8 Септември“, а потоа следува и полевањето со вода.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1