Новинарка не можеше да ја поднесе ужасната секојдневна болка – се предаде!


Мишел Ват имаше само 38 години. Водителката на шоуто „60 Minute Makeover“ беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Шкотска, пред една недела.

Животот од соништата на убавата презентерка се промени за 180 степени кон крајот на минатата година. Мишел имала главоболки, два пати се онесвестила, а кога отишла на лекар веднаш ја упатиле во болница. Поради проблеми со оптичкиот нерв, за да се открие коренот на проблемот, на Мишел и била извршена пункција од рбетот, по што таа добива неподносливи секојдневни болки.misel.jpg-500

Нејзиниот татко Џим Ват вели дека од тој момент таа загубила секаква желба за живот. Паднала во депресија, не се јавувала никому, не можела да ги поднесе болките.

Џим, кој пред 20 години го загубил и синот во сообраќајна несреќа, за трагичната судбина на својата ќерка вели:

– Имаше проблем со оптичкиот нерв и и направија пункција да проверат има ли притисок на мозокот. Од тој момент нејзиниот живот стана неподнослив. Постојано трпеше болки, не можеше да спие, животот се исцеди од неа. Слабееше, немаше волја за ништо, не сакаше да види никого ниту да оди никаде. Престана да биде Мишел – изјави Џим за Дејли рекорд.

Џим ја молел својата ќерка да оди да живее со него и заедно да ја пребродат кризата, но таа не издржала.

Мишел остави зад себе пет годишна ќерка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1