Томислав Кежаровски е вратен во затворот во Шутка.
Неколку полициски службеници вчера попладне го приведоа од неговиот дом и го вратија назад во затворот каде што веќе помина 6 месеци, објави Сител.
Кежаровски најголем дел од казната го помина во домашен притвор – една година и два месеца, а му остануваат уште три месеци и десет дена за да ја покрие двегодишната затворска казна која вчера ја објави Апелациониот суд во Скопје.
Неговата сопруга Марина Кежаровска вели дека се затечени од неговото затворање вечерва, бидејќи писмено пресудата им ја донеле полициските службеници кога дошле да го приведат.
Тој прво беше осуден на четири ипол години затвор од Основниот суд Скопје 1, поради објавен текст во кој го открил идентитетот на заштитениот сведок, но по поднесената жалба, Апелација ја намали казната на две години.
Кежаровски беше еден од уапсените во полициската акција “Ликвидација”.