Новинарска војна – кој имал се фирми, има ли пари и криминали – фрчат најави за тужби


Освен Талевска и Латас има уште дузина новинари во Македонија што на свое име имаат или имале регистрирано повеќе фирми и тоа на една адреса. Заборави ли портпаролот на СДСМ да ги наброи и Геровски, Кабранов, Борјан Јовановски, Менче Атанасова Точи, Драган Антоновски, Роберт Поповски…?, пишува весникот Дневник.

Фирми, невладини, медиуми и многу новинари

firmi novinariТака, порталот за вести “Плусинфо”, како проектна активност на здружение за граѓани, фирмата БГ ПРЕС за издавање публикации, и порталот “Мајка и дете” како проектна активност на здружение на граѓани во Централниот регистар се водат под едно име: на новинарот Бранко Героски. Веб-страницата на “Плусинфо” во Марнет (македонската фирма за интернет-домејни во Македонија), пак, е регистрирана на иста адреса со порталот “Либертас”, кој го води Ацо Кабранов. Кабранов е и соосновач во невладината на Героски, со уште неколкумина новинари што работата на порталот, како и сопругата на Героски, Билјана Илиќ-Героска, главно задолжена за маркетингот, наведува Дневник.

Кабранов, кој е соосновач во здружението на Героски, си има и своја фирма – Друштво за издаваштво, маркетинг и продукција “Глинка” ДОО, со седиште на ул. Френклин Рузвелт бр.5/А лок. 6 Скопје. Соосновач на Кабранов е Зоран Василевски (Фаци), кој е и управител на фирмата. Неговиот портал “Либертас” работи како проект на неговата друга невладина организација со име “Либертас”, а има и трета невладина организација “Пролиберти”.

Менче Атанасова Точи, која работи за ТВ “Нова” е поврзана со десетина фирми и со невладина организација, дел од нив се и Римедикал – друштво за трговија и услуги, Елите Софа, Фешн Форс, Акон Пајо, Институтот Ходници, а и златарницата Смарагд.

Борјан Јовановски се јавува како основач или овластено лице во неколку невладини организации и фирми. На пример, фирма за филмска продукција “Еуровижн”, каде соосновач е неговата колешка Сашка Цветковска. ТВ “Нова” интернет-телевизијата се реализира преку Видео веб-продукција, чиј соосновач е колешката Билјана Секуловска. Јовановски е овластено лице и во угостителската фирма “Мом-Томче Софка”, а е поврзан и со фирмата за деловен менаџмент и консултативни активности Балкански центар – Бизнис. Тој фигурира и во Институтот за европски интеграции И.Е.И Скопје.

Политичари и новинари

Според Дневник, новинарката Оливера Трајковска и советничката на СДСМ во град Скопје и претседателка на градската организација на опозициската партија, Софија Куновска, се бизнис-ортачки. Имено новинарката и политичарката имаат заедничка фирма, “Медиарт” ДОО Скопје и тоа регистрирана уште во 2005 година. Управител на фирмата е Трајковска. Седиштето на фирмата е на улицата Христо Смирненски, бр. 54/2-24, во Скопје.

Роберт Поповски, кој сега работи како советник на лидерот на СДСМ Зоран Заев, има или имал телевизиска продукција “Инфинити плус” и видеопродукција “С.С. Нова медиа”.

Целата статија прочитајте ја во Дневник.

aco-kabranov-

На овие пишувања на Дневник одговори Ацо Кабранов кој вели

Им благодарам на колегите од Дневник што се потрудиле околу фирмите кои ги имам. Па, работите стојат вака- во Глинка сум соосновач со Зоки Фаци, а таа фирма беше за издавање на таблоидот „Крема“ и таа фирма не работи, откако „Крема“ не се издава.

Кај Геро во Плусинфо работев 3 месеци и бев во тимот, односно невладината што го издава порталот. Од кога заминав, со уште 5 колеги ја формиравме „Про Либерти“ и таа го издава порталот Либертас. Трета нема, грешка сте.

Е сега, добро би било да ги проверите и салдата на сметките на моите фирми, и на вашите Ивона, Латас и слични на нив, да видиме какви пари влегувале и излегувале. Жал ми е што ќе се разочарате, но на мојата сметка нема ни пари ни криминали.

И останатите споменати новинари се огласија на социјалната мрежа Фејсбук – според нивните пишувања текстот во Дневник е невистинит и тенденциозен.

Менче Атанасовска Точи најави и тужба за новинарката  – за лагите што си ги напишала во Дневник ке добиеш дебела тужба, а долго ќе одиш со главата во земја верувај ми. Срам да ти е, колку ти платија за да измислуваш вакви работи?, напиша Точи на фејсбук. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1