Новини: Со еден билет и во државен и во приватен автобус


Од следната година, граѓаните нема да треба да водат грижа дали ќе се качат во приватен или во државен автобус. Билетот ќе важи за сите.
По, потпишувањето на договорот за воведување на автоматското пратење на автобуси и дигиталните паметни билети, кое пробно би требало да почне да функционира до средината на оваа година, ова е следната голема измена во јавниот превоз која Градот сака да ја направи.jsp
-Сакаме во еден систем да ги ставиме и приватните превозници на автобуси и ЈСП- Скопје. Сакаме да воведеме да се плаќа и на превозниците ЈСП и на приватните, по поминат километар. Така што граѓаните нема да ги интересира дали се во приватен или во државен автобус, картата ќе им важи за сите, со тоа што на приватните ќе им се плаќа од страната на Град Скопје и мислиме дека тука ќе бидат избегнати сите оние гужви, претркување на автобуси, истакна градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Пред да се дефинира унифицирањето на превозот, градскиот татко најави дека ќе се посетат некои градови во регионот, во кои тој начин веќе функционира.
-Вклучена е комисијата за сообраќај, во која членуваат советници од сите советнички групи на политичките партии кои се застапени во Советот и мислам дека е една од пореволуционерните измени во сферата на средување на превозот на патници. Крајно време е од 2016 година да почнеме со воведувањето на тој систем. Покрај пратењето и електронската карта да имаме и унифициран превоз, независно дали е приватен или од ЈСП. При тоа ќе можеме приватните превозници да ги пратиме по возниот ред, на која станица, која линија и во кое време возат, потенцираше Трајановски.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1