Новиот број на Charlie Hebdo му донесе над 10 милиони евра


Продажбата на најновиот број на францускиот сатиричен неделник Charlie Hebdo, прв по минатонеделниот масакр во неговата редакција поради објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед, му донесе на изданието повеќе од 10 милиони евра, во што се вклучени, претплати и средствата донирани од илјадници граѓани и организации по убиството на 12-те луѓе од кои четворицата водечки карикатуристи на магазинот.

Part-PAR-Par8072778-1-1-0-224x300

Во средата наместо досегашниот нарачан тираж од 60 илјади примероци, максимално колку што досега се печатеше сатиричното списание Charlie Hebdo, новиот број беше отпечатен првично во милион парчиња, за потоа тиражот да биде зголемен на три милиона, а набрзо да достигне неверојатен за француските печатени медиуми – тираж од пет милиони примероци. За тоа беа ангажирани три меѓу најголеми печатници во Франција.

Првиот ден од продажбата на новиот број на Charlie Hebdo му донесе заработка од околу 8 милиони евра. Благодарејќи на изразената солидарност од другите медиуми, печатници и издавачки куќи, списанието добива и 100 отсто од приходите од продажбата на првиот милион примероци, во износ од околу 3 милиона евра.

Деновиве силен скок забележала и претплатата на списанието, и тоа од 7 илјади на 120 илјади претплатници. Треба да се одбележи дека и покрај јавно прокламираната анархистичка и троцкистичка ориентација на уредувачката политика на магазинот, по трагедијата масовно се претплатуваат многу градски библиотеки и државни структури, како и големи приватни компании.

Воздухопловната компанија „Air France“ за своите патници откупи 20 илјади примероци од последниот број кој содржеше карикатури на религиозни теми. До терористичкиот напад од 7-ми јануари, Charlie Hebdo продавал не повеќе од 28 илјади парчиња, што го доведе неодамна списанието на граница на финансиски крах.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1