Џамиите нападнати со свински глави


Дваесет и шест џамии низ цела Франција биле нападнати во рамките на антиисламистичките протести по минатонеделните напади во Париз, пишува Индипендент.

На нив се фрлаат молотови коктели, се пука од огнено оружје, има напади со гранати па дури и со свински глави. Според британскиот весник, муслиманите низ цела Франција се жртви на насилство.

paris

Француската Национална опсерваторија против исламофобијата јавила дека во последните седум дена се случиле 60 инциденти поврзани со исламофобија, и истакнуваат дека бројката е сигурно поголема бидејќи имало и голем број инциденти против муслиманите што не се пријавени.Една џамија во Ле Ман била погодена со четири гранати, а потоа врз неа било пукано со огнено оружје од автомобил.Ваквите напади не се ништо ново, но тие се значително интензивирани во последната недела по нападот врз сатиричниот весник Шарли ебдо.

Нападнати биле и ресторани и бизнис простории чии сопственици се од исламска вероисповед.Политичките лидери во Франција предупредуваат на поистоветувањето на терористите со мирољубивите муслимани, во земјата што има најголема муслиманска популација од сите европски држави.Францускиот министер за надворешни работи минатата недела кажал дека зборот „исламист“ не треба да се користи за опишување на убијците, туку дека тие мора да се нарекуваат „терористи“.„Исламот не е религија на терористите, тие се предавници на исламот“, кажал Лорен Фабиус.
Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1