Новиот изглед на ресторанот „Езерце“ во вид на школка


Идејното решение под шифрата „Мезе“ на авторите Филип Конески, Борко Георгиев и Иво Ѓорѓиев е првонаградено на конкурсот што го распиша општина Центар за обнова на „Езерце“. Новиот изглед на ресторанот ќе биде во вид на школка.

939C88B02ADA1840AFB60CF5094617A0– „Езерце“ е култно место, собиралиште на македонската културна елита, скопските боеми и граѓаните. Најголемиот број пријавени се млади луѓе, кои понудија смели идеи. Се покажа желбата за нешто ново, но и за задржување на автентичниот изглед. Приказната за „Езерце“ сега почнува, заедно со дискусијата како ќе изгледа новиот објект на ресторанот, изјави градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

Дваесет и петте идејни решенија кои пристигнаа на конкурсот на општина Центар, синоќа беа претставени на изложба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1