Пресуда за масакрот кај Смилковското Езеро


Судскиот совет во скопскиот Кривичен суд во среда ќе ја соопшти својата одлука за масакрот кај Смиљковското Езеро, познат во јавноста како случајот “Монструм”. На обвинителната клупа седат петмина кои се товарат за тероризам, додека на двајца им се судеше во отсуство, бидејќи, наводно, се наоѓаат во затвор во Косово.

sudenjemonstrumВо својот завршен збор обвинителот Гордана Гешковска побара максимални казни за обвинетите Алил Демири, браќата Агим и Африм Исмаиловиќ, Сејди Рами, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута и се повика на доказите презентирани во текот на процесот кои недвосмислено ја покажале и докажале нивната вина. Идентичен став имаат и родителите на убиените момчиња, кои сметаат дека обвинетите мора да добијат максимална казна предвидена за овој злостор, доживотен затвор.

Од друга страна пак, одбраната на обвинетите во завршните зборови ги отфрли и оспори сите докази кои беа изведени во текот на процесот како и изјавите на заштитениот сведок Е1. Нивниот адвокат Насер Рауфи истакна дека станува збор за монтиран процес.

Масакрот кај Смиљковското Езеро се случи на 13 април 2012 година, на Велики четврток, веднаш пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени четирите момчиња од населбата Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски од Радишани и Борче Стефковски (45) од селото Црешево. Според обвинителниот акт во нив било пукано со две автоматски пушки и пиштол од непосредна близина. Први биле ликвидирани четворицата другари од Радишани, а потоа и Стефковски кој бил сведок на злосторот.

Судскиот процес против петтемина обвинети почна во декември 2012 година, а во него се одржаа 35 рочишта на кои беа сослушани над 25 сведоци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1