Новиот премиер отпушта советници а вработува чистачки


Околу 600 хигиеничари кои беа избркани од работа со одлука на Министерството за финансии во 2013 година, се вратени на работа по одлука на новата Влада на Алексис Ципрас.

Нивните плати Ципрас планира да ги покрие со намалување на бројот на скапо платените советници во грчките министерства. Новиот грчки премиер вети дека на работа ќе врати и 1000 државни службеници кои заради мерките на штедење завршија на улица. Влљдата одлучи и да ја зголеми и минималната плата од 500 на 700 евра месечно.cipras

-Многу сум среќна. Ова е голем ден за нас, оваа работа ми е многу важна. Мојот сопруг работи како чувар, но престана да добива плата, така што многу сме загрижени, изјави за британскиот Телеграф, Марија Кавалагоу една од хигиеничарките што се вратени на работа.

Пред да биде отпуштена од работа Марија 14 години работела во Министерството за финансии за 690 евра месечно.

-На претходната Влада и рековме дека си игра со нашите животи, но не сакаа да слушаат. Наместо тоа не пратија во полиција каде беа многу груби, вели Марија која на изборите гласала за Сириза.

За почеток Ципрас и Сириза, освен што ја зголемија минималната плата и ги вратија отпуштените работници на работа, им пишаа на ЕУ каде бараат реструктуирање и да им се простат долговите, ја стопираа приватизацијата на националната енергетска компанија во Пиреј, а се најавува и зголемување на пензиите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1