Новите возила на МВР дојдоа


Околу 150 нови возила „шкода јети“, кои треба да ги возат македонските полицајци се на пат кон Македонија. Како што објави Утрински весник тие успеаче да фотографираат 2 камиона што ги пренесуваа чешките автомобили, кај Куманово.

Тендерот за возилата го доби „Порше Македонија“ и вреди 3,2 милиона евра. Новите возила ќе ги заменат „крајслерите“, кои биле стари, трошеле многу и скапо чинела амортизацијата.

Тендерот на МВР не мина глатко. Во првите два обида не се успеа да се дојде до избор, а целиот процес го следеше и хакерски упад во системот на МВР за време на наддавањето, многу жалби и поништувања. на крајот Порше го доби тендерот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1