Се известуваат граѓаните дека поради реконструкција на водоводна мрежа Ф 500 мм на кружниот тек на улицата Христо Татарчев и булеварот Србија, утре од полноќ (сабота кон недела), па се до завршување на работите, без вода ќе бидат корисниците од високата зона на населбите Ново Лисиче и Аеродром.
За сите дополнителни информации граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број 02/3073010 во ЈП „Водовод и канализација“.