Испивте малку повеќе? Сега ве боли глава и не ви се работи ништо?
ОK, науката го знае одговорот. А, тоа не е сок од домат, аспирин и не е нешто трето традиционално.
Најдобриот лек за мамурлак е Спрајт. Да, слаткиот газиран напиток кој веројатно никогаш не би ви паднал на памет.
До овој заклучок дошле истражувачите од Универзитетот Sun Yat-Sen од Кина. Тие велат дека влијанието на алкохолот во нашето тело е познато, но нсепак не го разбираме баш најдобро.
Тие малку го истражиле разградувањето на етанолот и заклучиле дека тој се претвара во ацеталдехид, кој е главен виновник за главоболка и омалаксаност.
Затоа сфатиле дека е потребно да се намали времето кое оваа хемикалија се задржува во вашиот организам. Така заклучиле дека Спрајтот го засилува дејството на ензимот ALDH кој ја разградува оваа штетна хемикалија.
Ете, сега знаете што треба да правите.
Хит Портал